Носителот на листата на ДУИ во петтата изборна единица Талат Џафери денеска беше во посета на Кичево, придружуван од Авни Рустеми претседател на форумот на млади и предедателката на огранокот на ДУИ, Ардита Дани.
Џафери пред младите членови и симпатизери на оваа партија попладнево на градскиот плоштад рече дека реална е можноста С. Македонија да има премиер албанец, бидејќи во изминатиот период на високи раководни фунцкии во државата биле поставувани албанци.
-Како најдобар пример е градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари, кој во неговото раководење ги третира сите граѓани на Кичево подеднакво. И јас како преседател на Собранието докажав и преку мојата работа дека ги третирам сите граѓани во земјата подеднакво, така и идејата на Али Ахмети за функцијата премиер албанец јас сум убеден дека вие во Кичево како модел за соживот ќе ја поддржите. Гледајќи ве вас во толкав број и покрај пандемијата, јас сум уште повеќе убеден во нашата победа на 15 јули, рече Џафери.