Помина 24:00 часот, Собранието не гласаше за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски, официјално, неговиот имунитет сеуште стои.
Откако координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски побара пауза од 1 час, спикерот Џафери му одобри само 15 минути, по неговото повторно барање, Џафери трајно ја прекина седницата.
Ова значи дека и официјално, Собранието не му го одзема имунитетот на Вељановски затоа што законскиот рок од 3 дена за одземање истекуваше вечерва во 24:00 часот.
Претходно, во Собранието се водеше жестока дебата дали воопшто ова прашање треба да се разгледува, ако се има предвид дека на комисијата за мандатни и имунитетски прашања немаше заклучок за одземање на имунитетот на Вељановски кој се терети за случајот 27 април.