Македонија 29. март 2019. / 10:59

Џафери и врати на Дескоска: Собранието работи по Деловник, не по диктат

Џафери и врати на Дескоска: Собранието работи по Деловник, не по диктат

По изјавата на министерката за правда Рената Дескоска, дека во најскоро време предлозите за СЈО треба да бидат преточени во закон и ставени на седница, како услов за препорака од ЕУ, Претседателот на Собранието Џафери пушти реакција преку Фејсбук и истакна дека Собранието работи според Деловник, а не по диктат.

Собранието на Република Северна Македонија работи согласно Деловникот, а не врз основа на диктат, а уште помалку според одредени индивидуални претензии, па дури тие да се и на еден министер, било кој и да е, напиша Талат Џафери.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и на вчерашната средба со новинарите беше категоричен и рече дека нема да закаже седница дури и да се договорат власта и опозицијата околу Законот за Јавно обвинителство, зошто не сака да биде искористена за водење предизборна кампања.