Македонија 12. февруари 2020. / 17:59

Џафери го отфрли предлогот на ВМРО ДПМНЕ: Нема распуштање на Собранието

Џафери го отфрли предлогот на ВМРО ДПМНЕ: Нема распуштање на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го отфрли предлогот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ за распуштање на Парламентот. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ најверојатно од утре веќе нема да учествуваат во работата на Парламентот. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вели дека не гледа причина за учество во работата на Собранието, оти власта отстапила од веќе договореното – Законодавниот дом да биде распуштен денеска.

Јас навистина не ја гледав веќе потребата од уччество на ВМРО – ДПМНЕ во работата на Парламентот. Во текот на денешниот ден ќе имаме извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и ќе биде јавноста информирана за следните чекори на ВМРО – ДПМНЕ – изјави Мицскоски.

Предлогот за распуштање на Собранието на 12 април беше доставен од страна на пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ. Оттаму побараа предлогот итно да биде ставен на дневен ред.

Одлуката беше поднесена поради се поочигледните обиди на СДСМ да проба да избега од договорените избори, иако сите услови за одржување на предвремени парламентарни избори се исполнети – изјавиНикола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Од кабинетот на Џафери, пак, без конкретен одговор зошто иницијативата не била прифатена? Велат спикерот пред два дена образложил под кои услови ќе го распушти Парламентот. Тој тогаш рече дека собранието можело да работи до крајот на неделава, а потврда за тоа како што вели добил и од ДИК.

Денот на гласањето е 56 ден. А тоа подразбира 57 ден од гласањето, пред гласањето мора да се има одлука за распуштање на Собранието за да можам со решението за распишување на избори да им ги обезбедам тие 55 дена – изјави Џафери.

Неофицијално, иницијативата на ВМРО–ДПМНЕ за распуштање на Собранието на 12 февруари, била отфрлена оти предлогот бил доставен со старото име на државата, што според надлежните било неуставно.