Македонија 30. октомври 2019. / 19:24

Џафери го напуштил приемот во Турската амбасада – Иванов претставен како претседател на државата

Џафери го напуштил приемот во Турската амбасада – Иванов претставен како претседател на државата

По повод 96-годишнината од Република Турција, Амбасадорката во Република Турција, Тулин Еркал Кара одржа прием во хотелот Александар Палас во Скопје, пишува Локално.мк.

На приемот присуствуваа Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Таљат Џафери, Министерката за правда Рената Десковска, поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга, заменици министри, директори и други преставници на државни институции.

На приемот се случил скандал по кој Претседателот на парламентот Џафери го напуштил приемот во знак на протест кога амбасадорката беше поканета да се качи на бина за да одржи говор.

Претседателот на парламентот во салата беше присутен како највисок државен орган кај оние што присуствуваат на приемот, но исфрлувањето во заден ред предизвика интензивна реакција кај Џафери и истиот го напуштил приемот во знак на протест.

Исто така, Амбасадорката во говорот поранешниот претседател Иванов го претстави прв и како сегашен претседател.