Македонија 30. јули 2018. / 16:37

Џафери – Галовеј: Потврдена е безрезервната поддршка на Велика Британија за Македонија

Џафери – Галовеј: Потврдена е безрезервната поддршка на Велика Британија за Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска ја прими Рејчел Галовеј, новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, двајцата соговорници се согласиле дека на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји, се потврдува поддршката што Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ѝ ја дава безрезервно на Република Македонија во нејзините евроатлантски интеграциски процеси, како и генералниот придонес на оваа пријателска земја во развојот на нашата држава во текот на целиот период, од осамостојувањето до денес.