Македонија 26. април 2018. / 13:08

Џафери до Заев: Смири си го Манчевски да не го снима чочекот

Џафери до Заев: Смири си го Манчевски да не го снима чочекот

-Министре, седете долу и избришета ја снимката што ја направивте. Премиер, ве молам преземете мерки заради однесувањето на вашите министри. Ова е последно предупредување, порача претседателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери реагираше на однесувањето на министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, кој стана од свотео столче и со мобилниот телефон ги фотографираше пратениците на ВМРО ДПМНЕ.

Оваа негова реакција следуваше по барањето на пратениците од опозицијата сите членови на Владата да присуствуваат на седницата за пратенички прашања. Манчевски веројатно сакаше до има доказ дека во собраниските клупи има малку пратеници на ВМРО ДПМНЕ.

АКО.мк