Македонија 27. јуни 2019. / 15:44

Џафери до Села: Не си играјте со моето трпение, еднаш овде ми истурија вода

Џафери до Села: Не си играјте со моето трпение, еднаш овде ми истурија вода

Пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска обвини дека сме држава-убиец и апелираше кај премиерот Зоран Заев да направи реформи во правдата.

Ако следен пат ги приведат и бараат организатор, јас ќе земам спреј и овде над вашата глава Џафери, ќе напишам ’Доле ДУИ!’ и ќе се пријавам за организатор на пишувањето графити, рече Села.

Џафери не му остана должен:

Мене само еднаш овде ми истурија вода на глава и јас тоа нема повеќе да го толерирам. Не си играјте со моето трпение!, рече тој потсетувајќи се кога Груевски дојде на седница и истури вода на него.