Место вечното „буре барут“, Западниот Балкан почнува да заличува на европски регион.
Состојбите се менуваат од корен, наредните две недели клучни за Македонија. Ова беа дел од праките на годишниот состанок за одбрана и безбедност од парламентарните земји на Југоисточна Европа, каде позитивни гледишта имаа договороте и со Бугарија и со Грција.
„Верувам дека во текот на вашата дводневна работа ќе се осврнете на сите овие прашања. Исто така, убеден сум дека ќе дадете многу нови идеи, размислувања а и позитивни практики кога станува збор за парламентарната контрола врз вооружените и безбедносните системи, што е една од основните вредности на секое демократско општество и правна држава. “, изјави претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
Безбедноста во фокусот на пратениците. Два дена дискусија за околу парламентарниот надзор во одбраната и безбедноста. За Патеникот Хари Локвенец досегашниот парламентарниот надзор невидилив, забележал злоуптреби на безнбедноста.
„Наша еднинствена и заедничка заложба треба да биде – безбедност во регионот, кредибилитетот на институциите кои едниствено ќе работат за интерес и доброто на граѓаните“, изјави пратеникот Хари Локвенец, кој воедно е претседател на Комисијата за одбрана и безбедност.
Директорот на центарот за безбедносна соработка – РЕКВИЈАК, Хајард Берг вели дека е среќен што е во Скопје во критичен период. Меѓудругото во обраќањето на годишниот состанок порача да се разменат добрите практики на парламентарниот надзор од земјите на Југоисточна Европа.