Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не сака да коментира шпeкулации околу евентуалната вмешаност на пратеници во случајот „Рекет“ кој го отвори oбвинитeлcтвото за гонење на организиран кpиминал и кopyпција, пишува Плусинфо.
Сепак, тој вели и да дојде до такво нешто и да има барање за одземање на имyнитет, тоа што пратениците ќе бидат на одмор во август не значи дека нема да се состанат да расправаат за тоа.
– Собранието е во постојано заседание. Пратениците каде и да се, се знае дека треба да бидат подготвени да се вратат за одредено време. Ако има потреба, треба да планирам со координаторите да имаат информација кој каде ќе биде и во случај да треба ќе знаеме во кој рок можат да се вратат пратениците. – вели Џафери.