Македонија 28. март 2020. / 18:36

Џабир Дерала ја запали машината за лажни вести, која вистинити вести прикажува како лажни вести!

Џабир Дерала ја запали машината за лажни вести, која вистинити вести прикажува како лажни вести!

Внимавајте!!! Вчера објавив текст дека тоа што на форекс паѓа курсот на денарот не е пад, затоа што тоа претставува само supply/demand реакција која не значи девалвација на цената на денарот, туку значи дека вчера многу денари биле конвертирани во евра, напиша Љупчо Златев главниот урденик на ,,Економски Лидер” на Фејсбук.

Утринава НБРМ со соопштение ме потврди (без вториот дел од моето објаснување)! Е сега, Џабир Дерала пишал дека НБРМ ми ја разоткриле лажната вест!!! Во ерата на пост вистината, оној кој ја кажува вистината го обвинуваат за лажни вести… И тоа оние кои се платени од власта. Каква глупост, мајко моја…, напиша Златев.

Џабир Дерала пред некој ден објави слика стара четири години и стави вест со наслов: „Челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават роденден, спротивно на препораките за заштита од коронавирусот“.

Oваа фотографија е стара цели 4 години што значи дека Дерала свесно манипулирашe со граѓаните и ширеше лажни вести. И сега тој зборува за ширење лажни вести.