Речиси двојно пониска е излезноста на денешниот референдум во однос на парламентарните избори во 2016 и локалните избори 2017 година.
За споредба во 2014 година излезноста во 13 часот изнесувала 30,93%, на предвремените парламентарни избори во 2016-та година била 34,7%, додека на локалните избори во 2017-та година излезноста била 27,30%.
Државната изборна комисија соопшти дека до 13 часот на референдумот своето гласачко право го искористиле 16 проценти од запишаните избирачи во Избирачкиот список.