Македонија 28. декември 2019. / 19:01

Двојни аршини при уставните толкувања: За Ковачки не може, за заменикот на Шекеринска може?!

Двојни аршини при уставните толкувања: За Ковачки не може, за заменикот на Шекеринска може?!

Откако во јавноста излезе името на полковникот Драган Ковачки, како предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, од владејачката партија се појавија коментари дека според Уставот, Ковачки, како воено лице, не може да биде министер.

Како аргументација за неуставноста на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, министерката за правда, Рената Дескоска, се повика на членот 97 од Уставот.

Сепак, при своите коментари, Дескоска заборава дека не реагирала за истиот принцип при именувањето на заменикот на Радмила Шекеринска во министерството за одбрана, Беким Максути, кој пред да стапи на функција бил потполковник.