Кога Талат Џафери беше нелегално избран за Претседател на Собранието, пратениците на СДСМ вршеа директен пренос со повеќе камери, но сега кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави видео од синоќешната тензична атмосфера во Собранието, кога се пробуваше на шверцерски начин да се протне законот за ГА-МА, собранискиот спикер најави кривична пријава за неовластено снимање.
Нелогично се двојните аршини за спикерот Џафери. Дали правдата е иста за сите во македонското Собрание?
Милошоски објавувајќи го видеото посочи дека нервозата во Собранието е резултат на намерата на парламентарното мнозинство доцна вечер да го изгласа законот за ГА-МА, според кој државата ќе го преземе цел пакет во друшвото за гас, а на содружникот Макпетрол ќе му исплати над 30 милиони евра.
Спикерот Џафери, пак, го предупреди Милошоски дека ќе заработи кривична пријава, бидејќи снима неовластено и без дозвола, додека Милошоски се бранеше дека тоа претставува негово уставно право.
Во продолжение може да ја видите снимката на Милошоски за која Џафери се закани дека ќе заработи кривична пријава.