Македонија 19. мај 2020. / 12:22

Нови 22 случаи и две жртви од корона вирус во Македонија

Нови 22 случаи и две жртви од корона вирус во Македонија

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на Ковид -19, информира Министерството за здравство.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77), на болничко лекување од 14 мај.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти и тоа: 16 од Скопје, 10 од Куманово , 6 од Прилеп, 15 од Тетово, и по едно лице од Велес, Крива Паланка и од Валандово.