Последниве два месеци на Детската клиника во Скопје се регистрирани две деца со симптоми слични на Кавасаки синдромот.
Ова го потврдува докторката Аспазија Софијанова, која е шеф на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести, а Светската здравствена организација побара да се истражи новиот синдром кој се појавува кај децата и кој не е исклучено да е поврзан со Ковид-19.
Софијанова вели дека едното дете било на осумгодишна, а другото на петгодишна возраст. Тие се извлекувани и се дома веќе. Децата имале осип на кожата кој се повлекол за една недела.
– Сметам дека симптомите слични на Кавасаки болеста беа последица од контакт со новиот Корона вирус, иако тие немаа класични симптоми на Ковид-19, вели Софијанова.
Децата имале температура, но не многу висока и немале наод на белите дробови. Тие се извлекувани и се дома веќе. Децата имале осип на кожата кој се повлекол за една недела. Едното дете било тестирано на Ковид -19, и тестот бил негативен.