Македонија 10. октомври 2020. / 11:23

Две деца од ОУ „Лазо Трповски” позитивни на Kовид-19

Две деца од ОУ „Лазо Трповски” позитивни на Kовид-19

Две одделенија од ОУ „Лазо Трповски” од општина Карпош се ставени во изолација откако вчера било потврдено дека две деца од прво одделение се позитивни на ковид-19. Во изолација се и три наставнички кои предавале во одделенијата, отврди за „Слободен печат“ мајка на првооделенец која од вчера е во самоизолација.

Вчера околу 11 часот ни беше кажано дека во одделението на син ми има дете позитивно на ковид-19. Сега сите сме во самоизолација заедно со едната наставничка, додека другата бидејќи немала директен контакт со детето, не е во изолација, вели мајката.

Таа апелира да се размисли за можноста сите деца да следат онлајн настава.