Министерството за здравство информира дека починале двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.
Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на Ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.