Во последните 24 часа се во Македонија се регистрирани 125 нови случаи на Ковид-19.
– Скопје 46
– Kуманово 19
– Штип 17
– Прилеп 1
– Тетово 16
– Струга 7
– Велес 3
– Битола 1
– Охрид 5
– Гостивар 6
– Кочани 1
– Делчево 1
– Неготино 2
Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67 години) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.
Досега во земјата се направени вкупно 3.5471 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.915, бројката на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.124 луѓе.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 4
– Свети Николе 1