Два нови случаи на корона вирус се регистрирани во Кавадарци.
Заразена е 48-годишна докторка интернист која три седмици била на работа во „8-ми Септември”. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Во другиот случај станува збор за 26-годишно машко лице.
Двајцата се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.
Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.