Пратениците на Алијанса за Албанците доставија амандмани со кои бараат во уставниот закон, покрај другите држави со кои се граничи Македонија, да се додаде и Р. Косово, пишува АлсатМ.
Амандман
По Член 1 се додава нов член, Член 1-А во кој се вели:
Член 1-А
Државната граница на Република Македонија и нејзината постојана граница со Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Србија и Република Косово.
Во линија на уставните измени, пратениците на Алијансата за Албанците предложија уште еден амандман што се однесува на терминот “македонски граѓани”. Од оваа партија, преку предложениот амандман бараат во Уставот терминот “македонски граѓани” да се замени со терминот граѓани.
Амандман
Во Членот 2 став 2 зборовите “македонски граѓани” да се заменува со “граѓани”
Преку овие промени, според пратениците на Алијанса, ќе се изрази еднаквоста на сите граѓани на Република Македонија. Дебатата за уставните измени, иако беше предвидена за утре, поради смртта на градоначалникот на Охрид, одложена е за вторник.