Македонија 15. јули 2020. / 23:36

Два и пол часа по гласањето ДИК сѐ уште без официјални податоци

Два и пол часа по гласањето ДИК сѐ уште без официјални податоци

Два и пол часа по затворањето на гласачките места на десеттите парламентарни избори во Македонија, сѐ уште нема официјални податоци за излезноста.

Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем, на чие надминување работат ИТ експерти. Резултатите од гласањето пристигнуваат во ДИК, но засега не можат да се гледаат на нивната веб – стрaница.

Државната изборна комисија предмалку ги објави првичните резултати од парламентарните избори, по што набрзо потоа беа повлечени, а веб страницата стана недостапна.