Гордана Дувњак останува уредник на информативната програма, а Ацо Кабранов не е веќе главен и одговорен уредник на 1ТВ. Дувњак во изјава за „Фактор“ вели дека останува затоа што има заснован работен однос на неопредлено време, а Кабранов претходно соопшти дека нема да го продолжи договорот.
Ова по последните случувања со апосењето и притворањето на неформалниот сопственик Бојан Јовановски во случајот „Рекет“.
Засега е познато дека на Ацо Кабранов, Јадранка Костова и Борјан Јовановски им се истечени хонорарните договори.