Носителот на листа на коалицијата „Обнова на Македонија“ во Изборната единица 5, Игор Дурловски, порача дека лично ќе се заложува за подостоинствен живот на лицата со попречен вид зато што и самиот во семејството секојдневно се соочува со предизвиците што ги носи таквата попреченост.
„-Предизвиците кои ги носи животот и со кои се соочуваат лицата со попречен вид се мое секојдневие.
-Мојот татко е слепо лице, но недостигот на вид никогаш не беше и недостаток на родителска грижа и топла семејна атмосфера.
-Ги знам проблемите на лицата со попречен вид и токму затоа, лично ќе се заложам за нивен подостоинствен од во животот.
-Ќе работиме на менување на општествената свест, на прифаќање на различностите и надминување на бариерите“ – порача Дурловски.