Новинарката Дијана Тоска, креатор на химната за Света Мајка Тереза, реагираше по свеченото откривање на спомен-плочата на местото каде била куќата на Гонџа Бојаџиу на градскиот плоштад во Скопје, оваа свеченост беше органзиирана од страна на високи функционери на ДУИ објавува Фокус.
Таа рече дека плочата нема ни идеолошки, ни естетски концепт. Според неа, на плочата требало да пишува Света Мајка Тереза, а не само Мајка Тереза затоа што таа веќе во 2016 година беше прогласена за светица. Тоска дури реагираше и за поставувањето на името на донаторот на спомен плочата.
Ако видите на другата плоча има крст, идентификација на Мајка Тереза. На плочата на албански јазик нејзиниот крст не е поставен и тоа остава многу прашања. Што се крие зад тоа? Зошто не е поставен? Кој се плаши од идентитетот или да не карикирам да кажам, дали ќе се преиначи Мајка Тереза во муслиманка? Ова е невиден апсурд, оваа плоча нема идеолошки или суштински концептж, рече Антон Серечи, истражувач на животот и делото на Мајка Тереза
Серечи има и директно прашање за Институтот за културно наследство на Албанците. „Зошто на Институтот за културно наследство на Албанците му беше отстранетo името на Пејетер Богдани? Што е институционализирано од големиот Арбен Џафери “.