Македонија 28. декември 2018. / 12:51

ДУИ нема да присуствува на обраќањето на претседателот Иванов

ДУИ нема да присуствува на обраќањето на претседателот Иванов

Пратеници на ДУИ не присуствуваа на денешното годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, во Собранието. Во салата не се присутни ниту владините функционери од оваа партија.

ДУИ и минатите години ги бојкотираше обраќањата на Иванов. Најголемата албанска политичка партија не го признава Иванов за претседател уште од неговото стапување на функција.

Ова би требало да е последно обраќање на Иванов, бидејќи во април следната година ќе се одржат претседателски избори, со што ќе заврши неговиот втор мандат.