Македонија 14. јули 2018. / 21:35

ДУИ не исклучува предвремни избори, Ахмети и Мицкоски зборуваат за одложување на референдумот

ДУИ не исклучува предвремни избори, Ахмети и Мицкоски зборуваат за одложување на референдумот

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се погласно зборуваат околу можноста за одложување на референдумот.

Мицковски продолжува да повторува дека неговата партија не размислува да гласа за составот на ДИК, без претходно да биде изгласан законот за влада и за финансирање на партиите. За премиерот, техничка влада пред изборите е неприфатливо и несериозно барање, пренесува ТВ21

Тој очекува наредните 10 дена ова прашање да се затвори, но од друга страна, опозицијата не дава сигнали дека ќе се премисли. Мицковски е јасен, додека не биде изгласан референдумот, сите опции се отворени.

Другиот партнер на владината коалиција, Али Ахмети не разбира што би добила опозицијата доколку го блокира референдумот, а како можно опција не ги исклучува ниту предвремените парламентарни избори.

Власта планира референдумот да го организира најдоцна до октомври, бидејќи за наредната година се очекуваат избори во Грција.