Македонија 01. мај 2019. / 12:47

ДУИ: На 5 мај се гласа за НАТО и ЕУ

ДУИ: На 5 мај се гласа за НАТО и ЕУ

Демократската Унија за Интеграција, Партискиот централен изборен штаб, шефовите на општинските штабови, Централното претседателство на Демократската Унија за Интеграција, заедно со сите преставници на извршната, законодавната и локалната власт, силно ја поддржува кандидатурата на консензуалниот заеднички кандидат за претседател, Стево Пендаровски во вториот круг на 5 мај, се вели во соопштението на ДУИ

„Причините се истите што сме ги изразиле во континуитет.

Албанците во Северна Македонија имаат потреба од Претседател кој ја поддржува интеграцијата на земјата во НАТО, членството во Европска Унија, кој го поддржува Охридскиот Договор и јазичната рамноправност и гледа партнерство во Вашингтон и Брисел.

Заради овие причини, ние ги посетивме сите локални штабови во периодот помеѓу двата изборни круга и ги повикавме граѓаните масовно да излезат на гласање на 5 мај, додека утре на 2 мај, во Салата на Филхармонијата во Скопје, со почеток во 19:30 ќе одржиме централен објаснувачки собир каде г-дин Ахмети ќе им ги објасни на граѓаните ставовите на ДУИ како и потребата за излезеност и гласање на 5 мај.

На 5 мај се одлучува помеѓу белото и црното, помеѓу иднината и минатото, интеграцијата и изолацијата, рамноправноста и моноетничноста, помеѓу перспективата и регресот, западот и истокот.

Бојкотот и помага на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Бојкотот носи претседателска и парламентарна криза. Бојкотот го ризикува НАТО и Европската Унија. Бојкотот ниту ќе обозможи привремен претседател, ниту ќе казни некоја партија, но ќе поттикне избори.

Останувањето дома на 5 мај го загрозува членството во НАТО, го загрозува датумот за преговори со ЕУ, го загрозува пријателството со Вашингтон и Брисел, и конечно ја загрозува јазичната рамноправност и Охридскиот Договор.

Ве повикуваме сите на 5 мај да го искористиме нашето право за глас и да ја обезбедиме евроатлантската иднина и рамноправното општество за сите.

Секој друг апел е повик за криза и повик против НАТО, против ЕУ, против јазичната рамноправност.

Ние во ДУИ и Албанците воопшто немаме дилеми дека треба да се поддржи број 3, бројот на консенсуалноста, на заедништвото, интеграцијата и рамноправноста“, се вели во соопштението на ДУИ.