Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Нефрис Челику, на вработените од министерството им забранил да го користат кириличното писмо на документите на кои стои неговото име – покажува известувањето кое Челику на вработените им го пратил преку меил а незадоволни вработени го доставија до редакцијата на Лидер.
-Ве известувам дека документите што ќе се носат на потпис кај Државниот секретар, неговото име и презиме да бидат напишани со Латиница. – стои во дописот од кабинетот на Државниот секретар, во кој е доставен и пример за тоа како треба да изгледа неговото име.
Челику е предлог на ДУИ за оваа позиција, а со ваквото негово барање, се крши уставот на Република Македонија, затоа што официјално писмо во земјава, според уставот е Македонскиот и документите се пишуваат на Македонски литературен јазик и неговото кирилично писмо.