Македонија 09. август 2019. / 15:35

ДУИ го споделува ставот на Рикер и бара одговорност за сите изволвирани во Рекет

ДУИ го споделува ставот на Рикер и бара одговорност за сите изволвирани во Рекет

Демократската унија за интеграција бара целосна и транспарентна истрага за случајот „Рекет“ и одговорност за сите инволвирани лица, особено по објавувањето на видео снимките во италијанскиот весник.

Ние го споделуваме ставот искажан од страна на високите американски претставници Метју Палмер и Филип Рикер, за целосна, брза, детална и транспарентна истрага на случајот, како и одговорност за сите инволвирани лица, изјави Артан Груби од ДУИ за МКД.мк.

Според него, аферата само ја потврдува оправданоста на политиката на ДУИ и иницијативата за целосен ветинг на судиите и обвинителите, но и на политичарите.