Македонија 19. август 2020. / 19:45

ДУИ го објави списокот на предлог министри

ДУИ го објави списокот на предлог министри

ДУИ го објави списокот на предлог министри за новите министерства на кои ќе има нивни кадри.

Станува збор за истите имиња кои беа објавени во текот на денот, а кои се споменуваа како решенија за министерствата.

Вечерва партијата на состанокот на централното раководство ги потврди предлозите, а тие се:

Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – (ќе биде дополнително одлучено)
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби

Од претходно беше познато дека Талат Џафери ќе остане претседател на Собранието и во следните четири години.