Македонија 10. мај 2018. / 22:55

Дуел на МРТ: Николоски и одржа лекција на Шекеринска

Дуел на МРТ: Николоски и одржа лекција на Шекеринска

Жестока дебата имаше вечерва на Македонската Радио Телевизија во дебатата помеѓу потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и потпретседателката на владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска.

Впечатокот од емисијата „Акцент“ е дека потпретседателката на владата во интервјути тргна тргна офанзивно, но по првите истакнати аргументи, околу случајот за 27 април, таа се стави во дефанзива и до крајот на емисијата гледачите слушаа само оправдувања и потсетувања на тоа што го направила претходната власт. Шекеринска во емисијата сите оние кои упаднаа во собранието на 27ми април, ги нарече платеници кои биле платени од екс-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. На ова, Николоски и одговори дека целата позиција на СДСМ е полна со желба за одмазда.

-Има толкава омраза и желба за одмазда, што не ни обидуваат да ја сокријат. Факт е дека на 27. имаше немил настан, но факт е дека имаше и денови кои што претходеа, Тој настан имаше своја претходница, која што е силување на демократијата која што се случуваше изминатите неколку месеци, вели Николоски, потсетувајќи дека се избра претседател на Собранието што според него, точно било таргетирано да се случи во 18 часот иако сите знаеле оти има протести во период од денот.

Вели дека очигледно е оти целта била да се испровоцира гневот и револтот на граѓаните.

-Мене ми е многу жал за тоа што се случи. Но, она за кое што ми е повеќе жал е дека гледам и кај Заев и кај Шекеринска и кај Спасовски и кај други луѓе, да се одмаздат за оваа работа. Јас можам да разберам обични луѓе да сакаат да се одмазнат, сосед на сосед, пријател на пријател итн. Луѓе кои што водат највисоки државни институции, имаат највисоки државни позиции да сакаат да се одмаздат, говори за тоа колку мали луѓе се, рече Николоски.

Николоски рече дека да бил на местото на Заев ќе понудел амнестија и ќе им простел на луѓето, зашто според него, оваа тема го поларизира општеството на дневна основа. Во исто време, тој потсети дека СДСМ ги ослободи убијците на децата од Смилковско езеро и обвинетите од Сопот.

Жестока полемика имаше и околу реформскиот пакет 3-6-9 во кој според Николоски работи кои се дел од работата на Собранието, како избор на обвинител, се прикажани како реформи.

Преговорите за името исто така беа точка за дебата. Шекеринска потврди дека опозицијата не е вклучена во процесот.

Во однос на преговарачите гледаме во последно време по медиуми како во владата има одредени несогласувања со министерот за надворешни работи, а дел извори говорат дека би сакала грчката страна да ја види Шекеринска како преговарач отколку Никола Димитров заради поголема флексибилност, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашната емисија Акцент на МТВ

Тој потенцираше дека загрижувачко нивото на оптимизам кое Заев го прави во однос на преговорите за името кое на почетокот ако беше сојузник, сега веќе станува е противник на едни сериозни разговори за името на државата.

– Знаеме дека постои една делумно прифатена теза во јавноста дека Зоран Заев обидувајќи се да добие одредени поддршки за да дојде на власт се нафатил на одредени работи, а времето ќе покаже дали е тоа вистина или не, вели Николоски.

Во врска со промени на Уставот со цел промена на името на државата Николоски вели дека иако Грција тоа го бара тој не верува дека постои сериозен политичар во Република Македонија кој што е спремен да го отвори Уставот со цел да го смени името на оваа држава во рамки на оваа држава.

– Слушаме дека Грците инсистираат на таа работа но работа на умешност е сега на нашиот министер за надворешни работи кој реши да ја протурка работата и ги презеде лично преговорите, да се спротивстави на таа работа. Грчкиот министер ја брани позицијата на Грција, а македонскиот министер треба да ја брани позицијата на Република Македонија.

За позициите на ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека тие се јасни и непроменети и ВМРО-ДПМНЕ не се согласува промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.

– Сметаме дека Република Македонија треба да стане членка и на НАТО и на Европската Унија. Во та насока мора да се разговара со Грција и да се изнајде решение, но тоа решение не смее да значи промена на Уставот со цел промена на уставното име, не смее на ниеден начин да го загрозува македонскиот национален идентитет, именувањето на македонскиот народ, јазик и култура и секое решение треба да оди на референдум, нагласи Николоски.