Градоначалникот на општина Шуто Оризари го одложил судењето за физички напад кон својот некогашен соработник кој доби телесни повреди по блиска средба со него, јавува Алфа.
Дудуш кој е висок функционер на СДСМ прво побарал вонсудски договор со неговиот некогашен соработник кого на крајот на април физички и вербално го нападнал по што од судот добил одлагање затоа што го менувал адвокатот.
За потсетување, според аудио материјалот што го објави порталот Лидер на почетокот на мај оваа година Курто Дудуш во присуство на уште четворица други луѓе го просториите на општина Шуто Оризари го тепал и му се заканувал на лице кое предходно му било личен возач.
Засега ниту одбраната ниту обвинетиот не знаат каков исказ ќе дадат четворицата сведоци.