Државниот завод за ревизија во извештајот за 2018 година утврдил големи неправилности во државните институции, па до Јавното обвинителство поднеле 21 предмети за 13 институции кај кои има сомнежи за неправилности. Четири предмети, за три институции се поднесени во Антикорупциска комисија, четири предмети за три институции во МВР и два предмети за две институции во финансиската полиција, пренесува Алсат-М.
По два предмета со неправилности, до Јавното обвинителство Ревизија ги достави за општините Штип, Арачиново, Чашка и Неготино. А по еден предмет за општина Велес, Ѓорче Петров и Македонски Брод.
По два предмета со нерегуларности се поднесени и за Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија, за Институтот за трансфузиологија, Клиничката болница во Штип и за Агенцијата за филм.
Неправилности Ревизија утврди и во многу други државни институции кои не платиле сметки за вода и за кои се доставени предмети, еден во ОЈО, една во Антикорупциска комисија, една во МВР и една во финансиската полиција.
Предмети за неправилности во четири институции доставиле и за неправилности за експлоатација на песок од коритото на реката Вардар.
Заменик директорот на Државниот завод за ревизија, Насер Адеми, за Алсат М рече дека предметите за неправилностите се поднесени според член 35 од Законот за Државна ревизија кој вели дека ако Заводот наиде на неправилности во работата на институциите може да поднесе предмети за истрага во истражните органи како ОЈО, МВР, Антикорупциска комисија, финансиска полиција и други.
Адеми вели дека досега истражните органи не одговориле дали преземале конкретни мерки.