Државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска тврди дека она што е напишано на Фејбук од министерот за внатрешни работи Агим Нухииу за двојазични амблеми на полициските униформи е недиразбирање во јавноста и истакнува дека во Комисијата во МВР која разгледува актите има поделени мислења за опсегот.
Тоа е дел од анализата што ја прави работната група. Постојат поделени мислења, ќе излезе предлог од Министертството кој ќе оди во Секретаријатот за да се види дали предлозите кои ќе ги дава Комисјата во однос на опсегот на двојазичноста на униформите ќе биде на тоа ниво или ќе биде поголем или помал во зависност функционалната надлежност на организациските единици, односно на единици ко ја вршат оваа функција, изјави Несторовска за ТВ 24 коментирајќи ја објавата на Нухуи на Фејсбук.
Таа додава дека на Комисијата ќе биде да процени и потоа како предлог да го даде до владата и до секретаријатот, но додава дека она што го објавил Нухиу иако е заедникка одлука, а не негова лична сепак создава недразбирање во јавноста.
МВР во меѓувреме преку соопштение потврди дека министерот Агим Нухиѕ ги потпишал правните акти за воведување двојазични натписи на униформите на полицијата, кои се во согласност со одредбите од Законот за употреба на јазиците, но притоа се укажува дека Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за униформата и ознаките на униформата на Полицијата ја носи Владата, а по нејзиното донесување се носи Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за носењето, времето на траење и распределбата на униформата и ознаките на униформата од страна на министерот за внатрешни работи.