Mинистерот за образование, Арбр Адемина, на прес-конференција најави дека деновиве треба да биде донесена одлука за тоа како и дали ќе се полага државната матура.
За државната матура има две опции, полагање во јуни или укинување на оваа обврска за овогодинешната генерација ученици од завршните години во средните училишта. Но, тоа што веќе е подготвено и ќе се разгледува на некоја од наредните владини седници е конкретен образовен план со конкретни сет меркишто треба да се преземат во овој период – информира Адеми.