Македонија 22. јануари 2020. / 09:00

Државна лотарија направила два тендери за апарати за коцкање во вредност од 14 милиони евра

Државна лотарија направила два тендери за апарати за коцкање во вредност од 14 милиони евра

Пратеникот Илија Димовски преку својот фејсбук објави дека Државната видеолотарија направила не еден, туку ДВА тендери за набавка на коцкарски апарати.

Во најновата објава Димовски пишува и за втор склучен тендер за набавка на коцкарски апарати на 16.04.2018 со вредност од речиси 7,5 милиони евра, со што оваа државна фирма потрошила 13.970.700 € за коцкарски апарати.

На 15-ти месецов опозицијата ја обвини власта дека наместо да работи на ограничување на бројот на обложувалници и казина, таа купува апарати за коцкање и обзнани дека договор за 1500 апарати за коцкање во вредност од повеќе од 6,5 милиони евра бил склучен на 2 јануари со компанијата „Евро Гамес Технологи“, со седиште во Софија, Бугарија.

– Во 20 месеци Државната видеолотарија направила не еден, туку ДВА тендери за набавка на коцкарски апарати.

Првиот пат на 16.04.2018 за
7.422.200 €.
Вториот пат на 02.01.2020 за
6.548.500 €.

Вкупно оваа државна фирма потрошила
13.970.700 € за коцкарски апарати, напиша Димовски.