Македонија 19. јули 2020. / 12:30

Државен пазарен инспекторат: Го загубивме трпението, поднесуваме пријава, ноќен клуб во овој момент не смее да работи во земјата

Државен пазарен инспекторат: Го загубивме трпението, поднесуваме пријава, ноќен клуб во овој момент не смее да работи во земјата

Државниот пазарен инспекторат го загуби трпението и реши да го пријави струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ во јавното обвинителство заради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата на ковид-19.

Во меѓувреме на социјалните мрежи совесни граѓани споделуваат фотографии и видеа од забавите кои со масовно присуство на млади се организираат во овој ноќен клуб во Струмица.

Толку беше. Укажувавме, но го загубивме трпението. Ќе поднесеме пријава до основното обвинителство па од таму нека одредат која ќе биде одговорноста на субјектот. Прописите се јасни, а таму пишува дека ноќен клуб во овој момент не смее да работи во земјата, велат за „Фактор“ од инспекторатот.

Неофицијално, од таму денеска ќе спроведат контрола во Струмица и ќе ја испитуваат ситуацијата на терен, а една од можностите е и клубот да биде запечатен.