Македонија 25. ноември 2020. / 09:10

Државата ќе плаќа по 100 евра од ден, по пациент, за заразените кои ќе се лекуваат во Систина

Државата ќе плаќа по 100 евра од ден, по пациент, за заразените кои ќе се лекуваат во Систина

Цената за лекувањето која државата ќе им ја исплаќа на приватните болници за лекување на пациенти заболени од Ковис-19, според утврдениот ценовник од Фондот за здравствено осигурување изнесува 100 евра од ден по пациент, додека трошоците за тоа се доста поголеми.

Со новиот ковид-центар во стариот објект на приватната болница „Аџибадем Систина“, ќе менаџира Министерството за здравство, односно државата, кои ќе одлучуваат кои пациенти ќе се третираат тука и каква терапија ќе добиваат.

Согласно договорот ќе се третираат и хоспитализираат пред се пациенти со полесна и умерена клиничка слика, додека пациентите со потешки компликации ќе се третираат во ГОБ „8 Септември“.

Цената за лекувањето која државата ќе им ја исплаќа на приватните болници за оваа намена, според утврдениот ценовник од Фондот за здравствено осигурување изнесува 100 евра од ден по пациент, додека трошоците за тоа се доста поголеми.

Имено, приватните болници освен што медицински ќе го опремат просторот ќе обезбедат и заштитен материјал, основни медикаменти, плати за лекарите и медицинскиот персонал кој ќе работи таму, лабораториски анализи на дневно ниво, како и немедицински потрошен материјал (струја, вода, чаршави, крпи и храна за пациентите), а ќе треба да се набават и дополнителни рендген и ехо апарати. Првичната инвестиција изнесува околу 600.000 евра.