Македонија 01. април 2020. / 10:39

Драги Ѓоргиев: Мешовитата историска комисија треба да продолжи со работа

Драги Ѓоргиев: Мешовитата историска комисија треба да продолжи со работа

Бугарија треба да го промени ставот кон Македонија и мора да ја признае оваа реалност создадена на територијата на денешна Република Македонија. Од друга страна, македонската историографија ќе треба да зборува малку похрабро и поотворено за минатото, изјави шефот на македонскиот тим во Мешовитата бугарско-македонска историска комисија, Драги Ѓоргиев во интервју за ТВ „Европа“, пренесува БГНЕС.

Запрашан што мисли за можноста Бугарија, како полноправна членка на Унијата, која има право да стави вето или да постави услови за идниот прием на Македонија доколку не се реализира историскиот концепт близок до бугарските сфаќања, Ѓоргиев изјави дека не смета оти тоа ќе биде премногу експлоатирано од страна на Софија.

-Не мислам дека Бугарија ќе го искористи ова. Верувам дека Бугарија, како полноправна членка на Европската унија, ќе продолжи да ги брани своите интереси, но не мислам дека тоа ќе го искористи многу. Ова важи и за македонската страна. Македонската страна не може да застане во радикална позиција и да не се менува во некои погледи. Сè уште сум оптимист и верувам дека може да се најде решение за овие прашања. На крајот на краиштата, бугарскиот и македонскиот народ се најблиските нации. Ако не можеме да најдеме решение меѓу нас, тогаш ова би било голема трагедија за нашите односи – рече Ѓоргиев.

Мешовитата комисија ја прекина работата поради закажаните предвремени парламентарни избори во Македонија.