Македонија 24. јануари 2020. / 15:15

Доверливите документи пронајдени кај Ременски доставени во Обвинителеството

Доверливите документи пронајдени кај Ременски доставени во Обвинителеството

Агенцијата за национална безбедност ги доставила до Јавното обвинителство сите информации кои се побарани од нив во врска со случајот со пронајдените доверливи документи кај пратеничката Фросина Ременски, потврди директорот на Агенцијата, Виктор Димовски. 

-Во врска со тоа прашање во комуникација сме со надлежните институции во нашата земја. Се она што е побарано, соодветно согласно расположливата документација информирани се надлежните институции , рече Димовски на новинарско прашање во врска со случајот за случајот со Меѓународниот сојуз, познат како „Рекет 2“ .

За тоа до каде е истрагата за овој случај, тој упати за повеќе информации кај Јавното обвинителство.

Во рамки на истрагата „Рекет“ кај пратеничката Фросина Ременски беа пронајдени доверливи документи за кои таа тврдеше дека станува збор за документи кои кријат кривични дела и криминал, за наводна нелегална употреба на македонски агенти на УБК надвор од државата.

Запрашан за надводни злоупотреби во работата на АНБ, Димовски рече дека Агенцијата за национална безбедност функционира четири месеци од 1 септември минатата година и оти во изминатиот период направиле значајни чекори според нивната оценка и оценката од нивните партнери со кои комуницираат, укажувајќи на успешно завршениот процес на селекција на кадрите од поранешната УБК.