Македонија 06. април 2020. / 22:16

Досега коронавирусот не е пронајден во мајчиното млеко

Досега коронавирусот не е пронајден во мајчиното млеко

Досега вирусот не е најден во примероци на амнионска течност или мајчино млеко. Жените со COVID-19 можат да дојат ако сакаат, напиша министерот Венко Филипче на Фејсбук. Тие треба:

-Да практикуваат респираторна хигиена за време на доењето така што ќе носат маска таму каде ги има на располагање;

-Да ги мијат рацете пред и после допирање на бебето;

-Рутински да ги чистат и дезинфицираат површините што ги допреле.

Блискиот контакт и рано започнатото ексклузивно доење му овозможува на бебето да напредува, напиша Филипче на Фејсбук.