Македонија 20. ноември 2020. / 11:49

Дополнителни 43 болнички кревети од денеска во функција за ковид-пациенти

Дополнителни 43 болнички кревети од денеска во функција за ковид-пациенти

Ковид одделнијата во Скопје од утрово се проширени за дополнителни 43 кревети кои се ставени во функција на пациентите заболени од ковид-19.

Од 8 часот почна да работи ковид оддлелението на Кликината за очни болести со капацитет од 23 кревети, а ковид центарот во ГОБ 8 Септември е проширен за 20 нови места. Таму капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети, информира Министерството за здравство.

– Ковид центарот на Клиниката за очни болести е во склоп на Интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и среден медицински персонал. Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни кои имаат потреба од кислородна терпија, велат од Министерството.

Се очекува, додаваат, во најскоро време да се пушти и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло каде би се згрижле дополнителен број болни.