Македонија 27. април 2020. / 12:59

Донев: Заев и Димитров се донесени на власт за елиминирање на македонската нација и јазик

Донев: Заев и Димитров се донесени на власт за елиминирање на македонската нација и јазик

Република Бугарија во ниту еден момент не признала постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонскиот народ. Заев и Димитров преку прикривање на вистината треба да ja остварат задачата заради која и се донесени на власт, а тоа е елиминирање на македонската нација и јазик.

Ова во интервју за „Република“ го тврди професорот Јован Донев кој е и поранешен дипломат. Според него, власта ќе игра на истата карта како со Грција, а тоа е постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања, а сето тоа ќе го претставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.

Деновиве се појави документ од заклучоците на Советот на Европската Унија за Македонија. Во нив Бугарија бара Македонија да се откаже од грижата на македонското малцинство во Бугарија како и откажување од користење на терминот македонски јазик. Зошто власта го криеше овој документ?

ДОНЕВ: Доволно е да се види последната изјава на г. Заев дадена за загребачки ,,Вечерњи лист“ за да ви стане се јасно. Тој за овој весник по кој знае кој пат ја повтори лагата дека преку договорите со Бугарија и Грција зацементирани се македонскиот јазик и македонската нација. Нешто што воопшто не е точно! Република Бугарија во ниту еден момент не признала постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонскиот народ. За Република Бугарија и за нејзината официјална историографија населението од просторот на Република Македонија, како и деловите кои живеат во Пиринска Македонија, Албанија и Грција се дел од бугарскиот народ. И ова не е нешто што не им е познато и на Заев и на Димитров. Меѓутоа тие треба преку лажење на Македонците, преку прикривање на вистината, да ја остварат задачата заради која и се донесени на власт. А тоа е елиминирање на македонската нација и јазик.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.