Македонија 09. јули 2019. / 15:54

Донесени 14 одлуки за разрешувања, Владата разгледува уште најмалку 10

Донесени 14 одлуки за разрешувања, Владата разгледува уште најмалку 10

Донесени се 14 одлуки за разрешувања од функции рамки на реконструкцијата, а уште најмалку десет треба да се донесат, соопшти премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

-Не е само да се разрешува, туку треба и да се разговара со потенцијални кандидати дали се нафаќаат на функцијата. Кога ќе ги завршиме овие разговори, ќе ги соопштиме одлуките, рече Заев.

Владата денеска има закажано седница, а смените ќе ги разгледува и на наредната седница идната недела.