Македонија 31. март 2020. / 12:43

Донација од кинеската полиција за нашите полицајци

Донација од кинеската полиција за нашите полицајци

Во рамки на повеќедецениската и извонредно добра билатерална соработка со кинеската полиција, a на претходно барање и остварена комуникација од страна на министерот з внатрешни Наќе Чулев, денеска преку амбасадата на Народна Република Кина во Скопје добивме донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на нашите вработени кои што како што е познато заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од т.н. корона вирус “Ковид 19“, соопшти МВР.

– Овој денешен чин  е уште еден показател за важноста и значењето  на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање заканите кои  глобални импликации, и чии што последици можат да бидат погубни , доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно, велат од МВР.