Македонија 20. јануари 2021. / 08:57

Донација од Чешка за Македонија во борбата против Ковид 19

Донација од Чешка за Македонија во борбата против Ковид 19

Донацијата што Чешката Република преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја обезбеди за Република Македонија, како поддршка во борбата против Koвид-19, денеска ќе биде презентирана пред магацинот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Како што е најавено, на презентацијата ќе присуствуваат вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во својство на национален координатор за странска помош во земјава, амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути.