Македонија 14. март 2020. / 14:35

ДОМ го осуди одлагањето на одлуката за продолжување на мораториумот за градба во Охрид

ДОМ го осуди одлагањето на одлуката за продолжување на мораториумот за градба во Охрид

Зелената партија ДОМ најостро го осудува одлагањето на донесувањето на Одлуката за продолжувањето на мораториумот за градење и легализација на дивоградби од страна на Советот на Општина Охрид.

Како што се наведува во соопштение на партијата, ДОМ бара итно закажување седница на Советот на Општина Охрид и Општина Струга и усвојување на Одлуката.

Со носењето на оваа Одлука ќе овозможат спроведување на мерките за заштита утврдени со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион – стои во соопштението на ДОМ.