Македонија 15. септември 2019. / 11:25

ДОМ бара конечно да започне отстранувањето на дивоградбите во Охрид

ДОМ бара конечно да започне отстранувањето на дивоградбите во Охрид

ДОМ бара локалните власти да ги санкционираат прекршителите на законите и мораториумот за градба изгласан од советите на општините Охрид и Струга и конечно да започне најавената акција за отстранување на нелегалните градби.

Граѓаните со нетрпение очекуваат да се спроведат препораките на УНЕСКО и да се обезбеди зачувување на нашето единствено светско природно и културно наследство. За крајот на овој месец, веќе е најавена и мисија на експерти на УНЕСКО. Дрското непочитување на законите од страна на поединци фрла сенка на сите претходни вложени напори – се наведува во соопштението на ДОМ.

Од партијата го осудија продолжувањето на градежни активности на нелегалниот објект на кој при интервенцијата на општинската градежна инспекција беа уапсени градежни работници.