Катастрофални пропусти на судот во притворот на. Јанакиески. Случаите против Јанакиески преминуваат во фарса, човекот го внесуваат и изнесуваат од притвор како ќе им текне на властите, како кога е потребен дефокус за одреден пропуст на власта, така се носи Јанакиески во притвор. Апсурдноста во случаите се гледа и по последнот пример за притворањето на истиот за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, без никакви докази и аргументи.
За да биде апсурдот поголем, Јанакиески во исто време е во притвор, но му се продолжува и решението за куќниот притвор. Судот со решение од 28.06.2019 година, кое го приложуваме вво продолжение му го продолжува куќнниот притвор, со што Јанакиески има две решенија за притвор, како за ефективен, така и за куќен, па настанува правен преседан, како Јанакиески може да се евидентира во куќен притвор кога е во ефективен.
Дополнително во петок во 16 часот судот ќе носи одлука за продолжување на куќен притвор, по која основа судот ќе одлучува повторно, кога пред само десетина дена определил 30 дневен куќен притвор исто така е нејасно.
Апсурдот е и во друг сегмент. Имено Јанакиески е во притвор за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, а во куќен притвор за кривично дело кое носи назив тероризам. Според судот„терористот“ Миле е побезопасен од Миле кој „ извршил “ злоупотреба на службена положба. Апсурд до апсурд.
Како прво сосема е нејасно дека зошто на Јанакиески му се определува притвор, кога тој веќе подолг период е во куќен притвор и не се јаивло никаков проблем. Доколку Јанакиески мислел да се даде во бегство,теоретски поголеми се шансите да бега за дело тероризам за кое казните се големи, отколку за адело за кое казните се помали. Судот решението за притвор го носи вечерта во 22 часот и го носат во Идризово. Одлучува истиот Совет кој одлучува и за неговиот куќен притвор.
На решение за притвор Јанакиески пишува лична жалба. Согласно закон судот треба да му одговори во рок од 6 часа истата е напишана и предадена на затворските власти во 10 часот во сабота.Иако одбраната поднесува жалба, судот закажува Совет во понеделник.
Не само што не му одговориле на Јанакиески во рокот, што претставува директно прекршување на ЕКЧП, туку го немале ни добиено, а на јавната расправа му кажуваат лично да образложи.
Советот носи одлука со која отфрлаат жалба на одбраната во однос на ефективниот притвор. Решението е катастрофално и во него не е наведно ниту за кое дело се гони Јанакиески.
Одбраната дури и не се жали на решението за куќен притвор за да немаат причина да укинат и судот, односно истиот Совет се доведува во ситуација да изврши кривично дело и да изрече два притвори.
Подоле можете да ги прочитате сите документи поврзани со овој случај.